вријат
Вид збор: Глагол, несвршен
Преврива, трпи хемиска реакција.
Албански:
ziej, fermentoj
Употреба:
Хемија
Примери:
Комињето врие.
киснат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува кисел.
Примери:
Млекото кисне на топло.
нараснува, преврива, скиснува
Примери:
Го замеси тестото и го остави да кисне.
превриваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Минува низ процесот на вриење или ферментација.
Примери:
Комињето преврива.
превријат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши процес на вриење, на ферментација.
Примери:
Комињето преври.
ферментираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се наоѓа во процес на ферментација.